Во историското гратче Мелник во соседна Бугарија, денеска ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии од охридскиот фотограф Мишо Јузмески.

Изложбата ќе биде поместена во просториите на познатата Кордопулова куќа, како една од многубројните активности во рамките на фестивалот „Мелнички вечери на поезијата“ којшто традиционално се одржува во Мелник секоја година во почетокот на октомври.

Изложбата се организира по покана на фондацијата “Мелнички вечери на поезијата”, која е организатор и на фестивалот. Предвидено е изложбата да трае десет дена, со можност за нејзино преселување и во други градови на Република Бугарија.

Ohridnews