Во рамките на дополнителната програма на фестивалот Охридско лето, во понеделник на 18-ти август на Малиот плоштад во Охрид ќе биде поставена изложбата на Ленче Војнеска, чии дела се спој помеѓу уметноста и органската хемија.

Според Ленче, уметноста е независна и слободна позиција во општеството. Затоа луѓето треба да се поттикнат да бидат креативни, да се изразуваат и творат и да постои комуникација меѓу уметникот, уметничките дела и публиката.

Делата на оваа несекојдневна уметница изобилуваат со некласични мозаици и релјефни мотиви кои се земени од традицијата на нашиот народ, од Македонија, од нас и од нашиот Охрид. Поголем дел од материјалите што ги користи за изработка на делата се овошје, зеленчук, јаткасти плодови, прашкасти и зрнести производи, житни и индустриски растенија.

Ленче Војнеска е дипломиран инженер-технолог, која од мали нозе е посветена на уметноста. Охрабрена и мотивирана од наградите кои ги добила во текот на своето школување, а посебно добиената благодарница од страна на Комитетот на Хелсиншкиот парламент на граѓаните на Македонија, го започнува своето творештво.

OhridNews