Ноември е богат со родендени на наши роднокрајни автори. Во текот на овој месец според евиденцијата на охридската Библиотека се родени Стојан Ристески, Димче Џајкоски, Димче Донески, Севим Адем – Сана, Митре Велјаноски и Никола Митровиќ – Бабе.

Сите тие на еден или друг начин со своето плодно творештво оставиле и оставаат трајна трага во колективната меморија на Охрид и нивните современици. Поезија, проза, публицистика, стручна литература… Но во секое нивно дело зрачи љубовта кон Охрид и битисувањето во него. Сите нивни изданија грижливо и љубоморно се чуваат во нашето Роднокрајно одделение и чекаат да бидат одново прочитани од младите генрации читатели – членови на НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид, велат од охридската Библиотека.

OhridNews