По повод 20-годишната од воспоставување на дипломатски односи помеѓу Република Македонија и Република Чешка, во организација на Амбасадата на Република Чешка во Македонија и Охридска Банка, во Центарот за култура во Охрид ќе биде отворена изложба на карикатури од Јозеф Блеха.

Изложбата ќе биде отворена во петок, 4-ти јули во галеријата на Центарот за култура со почеток во 19 часот.

OhridNews