Во рамки на програмата на Охридско лето вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата „Колажна приказна“ на Илина Арсова.
Илина Арсова е родена во Скопје, 1982 година. Како дипломиран ликовен уметник, но и страстен скијач, планинар и вљубеник во планините, веќе подолго време го истакнува емотивниот спој на спортот и уметноста.
Во 2013 година станува прва Македонка што се искачила на врвот на светот, Монт Еверест на 8.848 м, каде што твори на висина до 6.400 метри и прави ликовен перформанс во базниот камп на 5.350 метри како дел од најновиот личен проект „Висинска уметност“ („Altitude art”).
Добитник е на многубројни стипендии од 2006 година па сè до денеска. Има организирано бројни самостојни и групни изложби во земјава и надвор од неа, а добитник е и на многу награди.
OhridNews