Во четврток на 14-ти мај 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложба на академската сликарка Ана Јакиќ Дивковиќ од Хрватска.

Оваа уметница во текот на минатата година беше дел од ликовната колонија „Папрадишки мајстори“ во Велес и до сега неколку пати има изложувано во Македонија.

Според најавите, изложбата ќе биде отворена во 13:30 часот.

OhridNews