Во организација на Центарот за културен проток “Артерија”, денеска, сабота, во Центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид, ќе биде отворена изложба на графики. Изложбата започнува во 20ч.

Во просториите на НУЦК “Григор Прличев “- Охрид ќе бидат поставени 25 графики на уметници кои дипломирале/магистрирале на Националната ликовна академија во Софија. Делата се изработени во различни техники.

На изложбата ќе учествуваат: 

Васил Ангелов
Зина Неделчева
Зоран Мише
Ива Димитрова
Мирослав Николоски
Васил Колев
Павел Целкоски
Горан Тричковски
Вања Божева

Изложбата ќе биде отворена до 25-ми Септември 2013.

OhridNews