Изложба на графики на Ана Трајковска ќе биде отворена вечер во локалот „На Струга Дуќан“ во струшката Чаршија во организација на НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга.

Од културниот центар информираат дека ова ќе биде петта самостојна изложба на Трајковска, која ќе трае до 13 јули, а на која таа ќе се претстави со над петнаесетина графики.

Aна Трајковска е родена 1995 година во Скопје и е главно насочена кон графиката како медиум и различните можности кои може да ги даде, експериментирајќи се обидува да пронајде нов начин на визуелно комуницирање применувајќи ја оваа техника, и интегрирајќи со други медиуми и визуелни форми, трагајќи по начини да ја оддалечи од најзиното традиционално восприемање.

Таа има освоено награда од ДЛУМ за изложбата „Нови енергии” 2021, добитник на награда за најдобра графика од Агенција за млади и спорт.

OhridNews