“Здружението за културен проток “АРТерија” продолжува со организирање изложби и претставувње на творештвото на своите членови. Во кафе бар „Галерија“, вечерва во 20.30 часот, ќе се претстават младите автори Зоран Мише и Павел Целкоски. Тие че имаат изложба на графики, насловена како “Сомниа”.

Зоран Мише, е роден 1984 година во Охрид. Дипломирал на Национална Ликовна Академија во Софија, отсек: Графика, во класата на доц. Димо Колибаров, каде моментално е на постдипломски студии на графичко и просторно проектирање на Нов Бугарски Универзитет во Софија. Учествувал на повеќе групни изложби во Македонија и странство. Добитник е на наградите „Млад автор“ на Национална изложба на графика (Мал Формт) 2009;  и на Шестто меѓународно триенале на графичките уметности Софија 2010.

Павел Целкоски, е роден 1986 година во Охрид. Дипломирал на Националната Ликовна Академија во Софија, отсек: Графика, во класата на доц. Јохан Јотов. Моментално на постдипломски студии во Софија.

OhridNews