Берлин моментално е вистински рај за љубителите на гитари, бидејќи во нивниот музеј се изложени околу 160 гитари од целиот свет, направени во изминативе 400 години. Раскошно направена барокна гитара од 1699 година е најстариот експонат на берлинската изложба. Оваа изложба нуди вистинско мало патување низ историјата на жичаните инструменти, од барокот, па се до 20 век.
Изложена е легендарната електро-акустична гитара Карл Хофнер, направена за популарниот член на Битлси Пол Меккартни. Кустосот на изложбата рекол дека малку кој инструмент во својата историја толку многу го менувал и звукот и обликот.