Самостојна изложба на македонскиот фотограф Никола Павлески денеска беше отворена во албанскиот град Корча. Во просториите на Културниот центар “Ванѓуш Мио” (QENDRA KULTURORE “VANGJUSH MIO” – KORCE). Ќе бидат изложени неколку десетици фотографии преку кои ќе биде претставено културното наследство и природните убавини на Македонија видени преку објективот на македонскиот фотограф.

Ова е првото фотографско гостување на Павлески во Албанија, а претходно тој има настапувано во Македонија и Бугарија. Фотографиите на Никола Павлески можат да се видат и како илустрации во бројни печатени изданија.

Изложбата е поддржана од Институтот за традиционални вредности од Охрид.

ohridnews