– Невидлива Софија“ е фотографски проект кој се базира на невидливата убавина која е насекаде околу нас. Тргнувајќи од светот кој нè опкружува, од нашето секојдневие во градот Софија, започнавме една долга прошетка. Се обидовме да го погледнеме одново она што за нас изгледаше толку познато, велат авторите.
Секоја фотографија од проектот се состои од две фотографии, направени на две различни локации. Обединети се две гледни точки за две навидум далечни места и тој судир на две реалности ја создава новата реалност, онаа за невидиливиот град.
Авторите на проектот, Елена Ѓероска од Македонија и Стефан Маринов од Република Бугарија, се студенти по фотографија во Националната академија за театарска и филмска уметност НАТФИЗ во Софија. Обединети од љубовта кон апстрактната црно-бела фотографија, пред една година започнале да работат на проектот „Невидлива Софија“ кој е нивен прв заеднички проект.
Изложбата во Галерија “Робевци” Охрид ќе биде отворена до крајот на месец јануари.