Утре во 12.00 часот во организација на  НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, а во соработка со Фото клубот „Охрид“ ќе биде отворена изложба на фотографии од Тони Коцев и Ѓорѓи Коцев од Кавадарци.

Настанот е  во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание и борбата на македонскиот народ против фашизмот.

Чичкото и внукот Коцеви, првиот во зенитот на креативното творештво  а вториот на почетокот од можната блескава кариера во светот на уметничката фотографија  пред охридската јавност ќе се претстават со околу 15 фотографии преку кои ќе ја покажат убавината на нашата земја.

Изложбата за љубителите на уметноста ќе биде отворена до 16 октомври, секој работен ден од 9 до 14.00 часот.

Тони Коцев роден 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за филмски уметности на универзитетот ЕСРА, отсек Филмска и ТВ Камера Реализирал четири самостојни изложби и учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство,Франција, Шпанија, Србија, Шкотска, САД, Луксембург.

Добитник е на “Диплома за експериментална фотографија” во Луксембург, најдобра фотографија на конкурс на Кодак во САД и неколку награди на државни изложби на фотографија. Како снимател и директор на фотографија работел на повеќе документарни и кратки играни филмови.

OhridNews