Во рамки на програмата на Охридско лето вечерва со почеток во 20 часот во Големиот изложбен салон на Ценатрот за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на фотографии „Настанување-исчезнување“ од Боро Рудиќ.

Боро Рудиќ е македонски автор. Со училишно образование се здобил во Скопје, каде што дипломирал на Електротехничкиот факултет. Во својата повеќедецениска работа, освен на уметничка, работел и на пропагандна фотографија, како и на фотодизајн. Имал бројни соработки со најзначајните македонски рекламни агенции, како автор на фотографии во повеќе монографии и книги, и како директор на фотографија на триесетина музички и рекламни спотови.

На уметничко поле, носител е на највисокото фотографско звање, Мајстор на фотографија на Фото сојузот на Македонија. Имал преку 15 самостојни изложби, од кои може да се издвојат изложбите во: Истанбул, Солун, Бурса, Нирнберг, Белград, Крањ, Скопје. Групно изложувал на повеќе од 250 изложби и има добиено повеќе од 50 награди. Во моментот живее и работи во Скопје.

OhridNews