Во петок на 02.06.2017 во 19 часот во галерија Робевци ќе се отвори изложбата МАЛ ФОРМАТ на друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Малиот формат како творечки предизвик претставувал честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика. Магијата на „малиот квадрат“ во
површина 25х25 претставувала искушение и за најголемите мајстори на четката и бојата. Пикасо, Дали, Матис, Лотрек, Ван Гог, Гоген, сликари од сите школи и правци го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот квадрат, и на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големото платно во помалата мерка.

На оваа изложбата ке бидат преставени дела изработени во најразлични ликовни техники од 50 македонски автори, членови на друштвото на ликовни уметници на Македонија.

OhridNews