Во изложбените простории на Куќата на Уранија – Летната резиденција на МАНУ, вечерва, во 20 часот ќе биде свечено отворена изложба на слики работени во батик техника на свила, на која ќе бидат изложени 16 експонати со различни големини од 40 см па се до 260 см со теми инспирирани од средновековни фрески, ангели, маски грации, подводен свет и флора.
Автор на сликите е познатиот архитект Ленче Зафировиќ од Белград, инаку добро позната на охридската публика која својот талент го има вградено и во низа архитектонски и ентериерни рашенија низ Охрид.
Инаку ова е нејзина втора изложба пред љубителите на уметноста во нашиов град и нејзин своевиден јубилеј – 25 години од првата нејзина изложба на батик , организирана во куќата на Робевци.
Изложбата ќе ја отвори со пригодна реч за уметничкиот пат на авторот, д-р Зорица Блажевска, професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ Скопје.
OhridNews