Во петокот, 10 август 2007 г., во малото место Рошешинар (Rochechinard), југоисточна Франција, свечено беше отворена уште една самостојна изложба на реномираниот македонски автор на уметничка фотографија Атанас Талевски. Изложбата е поставена во просториите на музејот „Живот и традиции“ во Рошешинар, кој истовремено е и организатор на изложбата.

Фотографиите на оваа изложба опфаќаат повеќе аспекти на македонското општество и ултурни традиции, и се поделени во четири групи: селски мотиви, портрети, прозорци, и цркви и манастири.


моменти од отворањето на изложбата на Талески во Рошешинар

Иако ова е негово прво гостување во Рошешинар и прво претставување пред локалната публика, уметникот Талевски не е ново име на француската културна сцена. Тој има изложувано повеќе пати во други места на Франција, исто како што преку своите фотографии ја има претставувано и Франција пред македонската публика.

ohridnews