Од 6 јули во охридското село Елшани (http://www.elshani.freeservers.com/) е отворена уметничката галерија на самостојниот фотографски уметник Атанас Талевски (http://www.atanas.freeservers.com/)
Талевски на фотографската сцена е присутен повеќе од едно десетлетие, и со сигурност може да се каже дека тој е најактивниот македонски уметник на ова културно поле. Неговото творештво опфаќа илјадници фотографии снимени во Европа (Албанија, Грција, Романија, Франција, Германија, Чешка, Финска, Швајцарија…), Азија (Виетнам, Камбоџа, Индија…), Африка (Тунис, Мали, Алжир) и Северна Америка (САД).
Истовремено Талевски со својот фотографски апарат ги овековечува природните убавини и културното наследство на Македонија, како и светот кој е на исчезнување. Како своевиден амбасадор на културата тој ја има претставувано Македонија на бројни самостојни изложби и меѓународни конкурси. Досега има настапувано во Албанија, Словенија, Србија, Чешка, Финска, Франција, Германија, Швајцари?а, Русија, САД…
каналот во Охрид низ објективот на Талески
Негов прилог кон збогатувањето на културниот живот во градот Охрид е неговата постојана изложба во стариот дел на градот. Сега, со отворањето на својата галерија во с. Елшани, Талевски се вклучува во акцијата “Култура за сите” на Институтот за традиционални вредности, чија цел е приближување на културните вредности до сите луѓе независно од големината и географската положба на местото во кое тие живеат.
ohridnews