Со изложбата „Мир во стиловите“ со модни дизајни на Азра Демиши, организирана од меѓународната уметница Лида Шерафатманд, Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ја одбележува Светската недела на меѓуверска хармонија.
Во склоп на изложбата се одржa и предавање со наслов „Разбирајќи го модниот стил со цел ослободување од предрасудите“ од страна на Шерафатманд.
Целта на настанот, според Шерефатманд, е да се инспирира простор за лични изрази во она што го носиме како луѓе, за да не се стигматизираат луѓето веднаш со предрасуди според некој посебен надворешен изглед.
Таквите предрасуди ги блокираат вистинските човечки врски, како и луѓето да се изразат во нивната облека на начин што ги прави да се чувствуваат удобно во тоа што се. Азра Демиши направи храброст и напорна работа да отвори ателје во Струга, а тоа не обезбедува само деловен простор, туку и простор за лично изразување во облека. Покрај тоа што создава многу убави и уникатни дизајни, таа придонесува и за поголема слика на заедницата, со тоа што напредува во нејзиниот развој како дизајнер-уметник, вели Шерафатманд.
OhridNews