Во рамките на научната и уметничка визита што се одржува во Куќата на Уранија-МАНУ во Охрид, утре вечер, 25 јули, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата “Цртеж на свила” од Лена Зафировиќ, архитект. Изложбата ќе трае до 1 август.
Исто така на 26 јули во 20.00 часот предавање ќе одржи акад. Шабан Синани, потпретседател на Албанската академија на науки на тема “Кочо Рацин-Никола Ѓерѓ Миѓени, една балканска поетска паралела”.
OhridNews