Британците направиле истражување на повеќе мажи и жени и ја прогласиле фразата „Твојот татко е сигурно крадец. Ги украл ѕвездите и ги ставил во твоите очи“ за најизлитена на сите времиња.


Истражувањето покажало дека хуморот е најдобар начин за почеток на комуникација меѓу луѓето. Околу 50 проценти од испитаниците рекле дека кај нив најмногу влијаеле комични налети.

Останати излитени класици се:

* Сигурно сум на небото бидејќи гледам ангел!
* Дали се повреди кога падна од небото?
* Еве ти денар! Јави се кај мајка ти и кажи и дека вечерва не доаѓаш дома!
* Уапсена си! Те обвинувам бидејќи провали во моите соништа!
* Сигурно си уморна бидејќи цел ден ми трчаш по мислите!
* Имаш карта? Пстојано се губам во твоите очи!