Излезноста до 13 часот на првиот круг од претседателските избори во општина Струга е 16 проценти, а во Вевчани 33,33 отсто, информираат за МИА претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска. Според нив, гласањето се одвива тековно без никакви нарушувања на избирачкиот процес.
Гласачките кутии во двете општини беа отворени утрово во 7 часот.
Во општина Струга право на глас имаат се 60.894 гласачи, а ќе гласаат на 101 избирачко место, додека во Вевчани во единствениот избирачки список регистрирани се 2.072 гласачи, кои правото на глас можат да го остварат во едно од трите избирачки места.
OhridNews