Општинските изборни штабови на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ излегоја со првичните неофицијални податоци за излезноста на гласачите во Охрид.

Од  53 893 гласачи запишани во единствениот избирачки список кои гласаат на 73 избирачки места, до 19 часот, според податоците на аналитичкиот центар на ОИШ на СДСМ Охрид, на гласање излегле 33 878избирачи, односно 62.862%.
Најголема излезеност е евидентирана на избирачкото место 1292 во селото Трпејца каде излезеноста е 81.544%, односно од 298 избирачи гласале 243.   Избирачкото место 1340 во Завој е со најслаба излезеност на гласачкото тело, односно на гласање излегле 42.857% од вкупниот број на избирачи, соопшти СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕисто така нефоцијално, објавија дека процентот на излезнот ќе биде околу 62%. Оттаму изразија задоволство од како што рекоа мирниот и демократски тек на изборите во Охрид.

Ohridnews