Излезноста во општините Охрид и Дебрца до 11 часот поголема споредбено со податоците за излезност до 11 часот од првиот круг на Локалните избори.
Во општина Охрид до 11 часот во вториот круг од Локалните избори гласале 8 357 избирачи односно излезноста изнесува 17,7%. Споредбено со првиот круг од изборите излезноста до 11 часот била 12,24 %.
Во општина Дебрца до 11 часот во вториот круг од Локалните избори гласале 819 гласачи, односно излезноста изнесува 18,84 %, Споредбено со првиот круг од изборите излезноста до 11 часот била 12,24 %.
Во општина Струга излезноста до 11 часот е 10,24 %, додека во Вевчани 31,24%.
Н.С.Ј.