Според последните податоци на Државната изборна комисија, до 15 часот правото на глас во Општина Охрид го искористиле 16 104 граѓани, или 35,86 проценти.

Гласањето во Охрид тече мирно во фер и демократски услови без поголеми застои. Веќе и нема поголеми технички проблеми со уредите за биометриска идентификација информираат од ОИК Охрид.

Излезноста во Општина Дебрца до 15 часот е 42,64 %, односно гласале 1 854 граѓани.

И во Дебрца гласањето тече нормално, не се забележани поголеми проблеми. Онаму каде што уредот не може да регистрира гласач, процесот се спроведува со отпечаток од прст, информираа од ОИК Дебрцa.

OhridNews