Во првиот пресек на Локалните избори, во студиото на OhridNews донесуваме информации за излезноста до 11 часот. На ниво на држава таа е нешто над 10 проценти. Во Охрид и Дебрца таа е над просекот, а во Струга пониска.
Во Охрид до 11 часот излезноста е 11,84%, односно своето право на глас го искористиле 3741 граѓанин од вкупно запишани 52.426 избирачи, односно 52.477 заедно со лицата со право на глас во затвор и во старски домови/
Во Општина Дебрца излезноста до 11 часот е 15,64%, во Вевчани 18,61%, а во Струга 7,24%.
Г.М.