До 14 часот правото на глас во Охрид го искористиле 28,1 % од вкупно 53.579 избирачи, соопшти Општинската изборна комисија. Оттаму информираат дека изборниот процес во општина Охрид тече мирно во фер и демократска атмосфера. Досега не се забележани никакви нерегуларности и инциденти.

Гласањето во Струга каде на Единствениот избирачки список има 56.683 избирачи, исто така се одвива без проблеми . ОИК комисија соопшти дека сите 78 ИМ-та биле отворени на време освен  едно во с. Лабуништа каде гласањето започнало со еден час задоцнување, поради што таму ќе се гласа до 20 ч.