До 15 часот во Струга 23 проценти од вкупно 60.894 гласачи го оствариле своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори, а во Вевчани гласале 45 отсто од 2.072 регистрирани гласачи.
Претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска информираат дека гласањето се одвива тековно без никакви нарушувања на избирачкиот процес.
Гласачките кутии во двете општини беа отворени утрово во 7 часот.
Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, додека во Вевчани граѓаните своето гласачко право можат да го остварат во три избирачки места.
OhridNews