За парламентарните избори во Струга и струшко до 11 часот излезноста е девет отсто, додека за вториот круг од претседателските седум проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута.
Во Вевчани, според претсетдателката на ОИК Менче Кукоска, гласале 21,06 проценти од вкупно регистрираните граѓани во единствениот избирачки список.
Во трите избирачки места во Вевчани сите граѓани што излегле гласале за и за двете листи, за претседател и за пратеници, изјави Кукоска.
Во двете општини, како што посочија претседателите на ОИК, гласањето се одвива тековно, без нарушувања.
OhridNews