Излезеноста за вториот круг претседателски избори до 9.00 часот утрово е 4,17 отсто, согласно податоците од 1 009 избирачки места каде гласале 22 797 лица. Најголема е излезеноста во Пробиштип, 8,85, а најмала во Боговиње, 0,57. За парламентарните избори, пак, излезеноста е 4,45 отсто, покажуваат податоците од 1 033 избирачки места каде гласале 25 132 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 9,46 отсто, а најмала во Боговиње, 1,43, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
На првата прес-конференција по почетокот на денешното гласање, Даштевски информира дека сите избирачки места се отворени, а на неколку има технички проблеми кои тековно се решаваат. Добиени се и 15 приговори за избирачко право од кои само три се одбиени.
Излезеноста за парламентарните избори е: ИЕ 1 – 4,85, ИЕ 2 – 3,64, ИЕ 3 – 6,26, ИЕ 4 – 5,52, ИЕ 5 – 4,41 и ИЕ 6 – 2,24.
-Споредбено со вториот круг претседателски избори од 2019 година излезеноста е намалена за 1,99 отсто. Во однос на парламентарните избори во 2020 година исто така има намалување, за 0,74 отсто, рече Даштевски.
Според него, гласањето на местата каде има технички проблеми ќе продолжи со УВ лампа и спреј, а ако се отстранат недостатоците, ќе проодлжи со техничката опрема. Тие места се 0838/1 во Кочани, 1252 во Охрид, 1100 во Куманово, 1977 во Тетово, 2225 во Тетово и 2544 во Гази Баба.
На новинарско прашање дали можеби има евентуален бојкот на претседателските избори, претседателот на ДИК истакна дека од тоа што може да се види, апсолутно нема.
-Иста е излезноста и на едните и на другите, не знам како гласале, дали се поништени, но процентот е тој. Сите што гласале за едните, гласале и за другите, ист е процентот, нагласи Даштевски.
OhridNews