Препораки за заштита на здравјето во студените зимски денови и актуелни теми од областа на современата медицина, содржи четвртото издание на бесплатниот едукативен магазин за здравје и современ живот „Наше Здравје“, што денеска излезе од печат.
– И овој пат понудивме четиво исполнето со корисни совети и препораки за правилно користење на лековите и другите медицински производи, како и едукативни текстови од областа на современиот живот и здравјето. – изјави главниот уредник на „Наше Здравје Марица Угриноска Баткоска.
Во зимското издание на „Наше Здравје“ уште ќе прочитате стручни мислења за настинката и грипот и како правилно да ги препознаете нивните симптоми, за типовите на воспаленија што ги предизвикуваат вирусите и бактериите во овој период од годината, за тоа што претставува синузитис, за иновативните методи на лекување на мозечен удар, заболувањето суво око и многу други. Лекарите одговараат на прашања на пациентите е новата рубрика на „Наше Здравје“, покрај стандардната „Родители и деца“ која овој пат се осврнува на слободното време на најмладите. Тука се и бројните корисни совети од областа на стоматологијата.
Издавач на магазинот „Наше здравје“ е ланецот аптеки „Виа Фарм“ во соработка со Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“. Главен и одговорен уредник на магазинот е Марица Угриновска Баткоска, извршен уредник е Горан Момироски, графичкиот дизајн е на Антонио Стаматоски, стручен соработник е Мишо Китаноски, а техничка поддршка пружија „OhridNews“ и „Мега продукција“.
Бесплатниот магазин „Наше здравје“ може да се најде во аптеките „Виа Фарм“ во Охрид, Струга, Вевчани и Лабуништа, како и во новата аптека на ул. „Марко Нестороски“ бр.164 во Охрид, во Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ во комплексот „Св. Ѓорѓија“ во Охрид, во јавните здравствени установи и болниците во Охрид и Струга, како и во познати хотелски и угостителски брендови, модни салони и други препознатливи места во регионот.
OhridNews