Во издание на „Везилка2011″ излезе од печат романот „Џимиринче” чиј автор е Милисав Савиќ, еден од водечките современи прозаисти во Србија. Романот на македонски јазик го преведе Ристо Лазаров.

„Џимиринче” е романескен приказ на времето на распаѓањето на СФРЈ и раѓањето на мафијата во некогашната југословенска престолнина. Јунаците во „Џимиринче” се луѓе од периферијата, кои секавично влегуваат во светот на профитерството, иако немаат абер што е тоа – туку така, наеднаш да одимаш сè што ќе посакаш, се наведува во поговорот кон романот. Немаат гајле и за високите дози на опасност на патот по кој тргнале. Додека се живи и не знаат, а кога ќе ги снема и немаат никаква полза од тоа што некој божем таговно ќе прошепоти: ѓаволот дошол по своето. Ѓаволот секогаш доаѓа, може само некогаш да задоцни…

Милисав Савиќ е автор на десетина романи, а во 1991 година за романот „Леб и страв” ја доби наградата на НИН за роман на годинат а. Добитник е на сите позначајни книжевни награди во Србија, а преведуван е на повеќе европски јазици.

OhridNews