Во издание на “Везилка 2011” излезе од печат книгата “Шестмина словачки поети” чиј приредувач и преведувач е проф. д-р Звонко Јанкуловски, професор на катедрата по македонски јазик на универзитетот во Братислава. Книгата претставува потесен избор од современата словачка поезија, што авторот го направил во последните неколку години.
Во неа се застапанеи врвните словачки поети Иван Лаучик, Мирослав Дудок, Игор Хохел, Ерик Јакуб Грох, Михал Хабај и Петер Били. Како што бо бобедот наведува авторот на овој избор Звонко Таневски, дел песните на поетите застапени во овој избор (Дудок Хохел и Били) минатата година се објавени во ревијата “Бранувања”, додека преводите на песните на останатите тројца поетите биле наменети за Антологијата на современата словачка поезија чиј приредувач бил проф. Јан Гравура која од 2014 година го чека објавувањето во соодветната едиција на Струшките вечери на поезијата.
Песните застапени во овој избор, како што пишува приредувачот, нудат игривост и оригиналност, со нив се одбележуваат граници што не разделуваат, туку поврзуваат. Покрај инспиративниот вовед на приредувачот Таневски, книгата ги донесува и рецензиите на професорите Нора Наѓова и Симона Груевска Маџоска.
OhridNews