Деновиве излезе од печат книгата „Композиторите од Охридскиот регион – историја, наследство и влијание“ од д-р Гоце Џуклески и м-р Наумче Џуклески.
Ова дело е повеќе од книга – тоа е патување низ времето, низ тоновите и приказните на композиторите кои оставиле неизбришлив белег во културната историја на Охрид и пошироко. Благодарност до сите кои помогнаа оваа книга да оживее, да добие свој облик и душа. Музичкото наследство не умира – се прераскажува, се слуша и се чува, вели во воведот на книгата д-р Џуклески.
Во книгата се застапени во форма на биографии 30 композиторски имиња од Охрид и околината: Ангеле Караѓуле, Климе Курте, Климе Садило, Сотир Димитровски – Ѕингл, Миле Ќосе, Никола Исаија – Чудо, Ристо Нически – Брно, Григор Копров, Љупчо Константинов, Енвер Рашити, Методија Бараковски, Димче Николески, Благоја Дескоски, Мирослав Бушиноски, Митко Колјушевски, Борис Гаврилоски, Илија Булоски, Мишко Србиноски, Петар Нечовски, Гоце Џуклески, Владимир Јовчевски, Мухамед Бајрам, Кирил Аслимоски, Гоце Цоцески, Димче Китрозоски, Владимир Четкар, Гоце Гаврилоски, Наумче Џуклески, Бојан Здравески и Д. Бекдор Бенд.
Книгата содржи и дел посветен на поимите автор,носители на авторските права и музички дела.
Ова најново издание од денеска може да се најде и во одделот за зајмување во нашата НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
OhridNews