Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“  Охрид излезе од печат 112 книга на академик Миле Д. Миќуновиќ насловена како „Ден на државноста на Црна Гора во Скопје“. Во книгата се опишани дејствијата од одржаната прослава по повот Денот на државноста на Црна Гора.

Прославата се одржа на 11 јули во организација на  Црногорската заедница во Скопје со претседателот Борис Попивода и членовите на Претседателството. На прославата покрај Попивода присуствуваа нејзината Ексцеленција Марија Петровиќ амбасадорка на Црна Гора во Република Северна Македонија и Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија Оливер Спасовски. Прославата беше придружена и од естрадни уметници од Црна Гора.

 

ОhridNews