Од македонските поети застапени се: Луан Старова, Светлана Христова Јоциќ, Радован П. Цветковски и др., како и прилози на автори од македонската проза – раскази на Митко Маџунков и на Мишо Јузмески.
Во рубриката Критички преглед се прилозите на Петко Шипинкаровски за Радомир Андриќ/ Србија и М-р Мерсиха Исмајловска за Сибила Петлески/Хрватска, за книгата „Мојот Атнонио Диаволо“, а во рубриката „Хоризонти“, застапени се Бела Ахмадулина / Русија и Ина Крејн/ Бугарија, со избор од нивното творештво, како и текст на Ранко Ристо Бебекоски, Белград / Србија, портрет на Тоде Илиевски и други прилози од „Културата на живеењето, Хумор и др.
Во „Бранувања“ е објавен и Конкурс за наградите „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка и „Крсте Чачански“, за необјавена збирка раскази. Конкурсот е отвроен до 20 април, 2011 година.