Во рубриката Размислувања има прилог на Христо Петрески: „Чуму поети во скудни времиња“ и на Васил Тоциновски, „Хрватските медитерански гласови“, а во рубриката Критика има прилози на Петко Шипинкаровски, Мерсиха Исмајлоска, Борис Апостолов, Христо Петрески и Кристина Неделковска за дела на Добре Тодоровски, Наум Попески, Раде Силјан, Христо Петрески, Димитар Христов, Катица Ќулавкова, Ристо Ѓ.Јачев, Мишо Китановски и Панде Манојлов.
Во рубриката „Хоризонти“, застапени се: Гергина Давидова / Бугарија и Ана Илијоска-Богиќ/ Србија со избор од нивното творештво, а од македонските поети присутни се и Милица Димитријовска-Радевска, Јован Котески и Милутин Бебековски. Потоа има прилози на Виолета Маневска и Стојан Кукунешоски ( критика за „Бранувања“ и осврт за манифестацијата“Гоцеви доенови“ Подгорци), како и на Беџет Асани: „Фолклорот на Албанците во Македонија“. Потоа следуваат прилози на Ленче Апостоловска: „Движно кулрутно наследство и негова заштита“, Наум Бајо – „Збогум учителу“ и на Анастас Ќушкоски – фрагмент од драма, потоа расказ на Бошко Смаќоски и други прилози; афоризми, хумор и др.
Во „Бранувања“ се објавени резултатите од конкурсот за наградите „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка и „Крсте Чачански“, за необјавена збирка раскази.