По речиси седум години пауза, пејачот Џастин Тимберлејк го прославил во една емисија во живо објавувањето на повратничкиот албум “The 20/20 Experience”, потврдувајќи ги шпекулациите на медиумите дека наскоро ќе го издаде неговото продолжение. Албумот “The 20/20 Experience” претставува враќање на пејачот во музичките води, откако некое време се занимавал со глума и снимил неколку филмски хитови.

Во разговор со новинарот Рајан Сикрест Џастин изјавил дека дефинитивно уживал во глумата, но музиката била посебна работа за него. Тој и како дете се занимавал со музика, а подоцна станал член на групата ‘N’Sync’. По таа фаза во својот живот започнал соло музичка кариера. Во 2012 се оженил со актерката Џесика Бел. Пред излегувањето на албумот ги објавил нумерите “Suit & Tie” и ”Mirrors” кои го најавиле повратничкиот албум.