Вечерта на 10 декември, околу 21.45 часот на магистралниот пат Кичево – Охрид, во атарот на с.Радомирово, општина Дебарца, патничко возило „опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 46-годишен жител на с.Порој, тетовско, изгубило контрола и излетало од патот, при што удрило во 76-годишен жител од Охрид и паркирано патничко возило „опел астра“, со охридски регистарски ознаки.

Во незгодата, 76-годишниот охриѓанец се здобил со тешки телесни поврди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Охрид.

OhridNews