Во рамките на програмата за ангажман на младите во заедницата ,,МЛАДИ ВО АКЦИЈА,, Младински Совет Охрид, деновиве организираше двочасовен излет со бродот Лихнида за децата од болницата за трауматологија и ортопедија Св. Еразмо од Охрид.


Групата составена од децата од болницата, дел од нивните родители, волонтери од Младински Совет Охрид и тимот кој ја реализира оваа програма имаа можност да пловат по Охридското Езеро, тргнувајки од градското пристаниште, преку Канео, Пештани и назад до градското пристаниште, разгледувајки го крајбрежјето, уживајки во убавините на езерото и природата.


За превозот на децата од болницата до градското пристаниште се погрижи Радио такси МЕРЦЕДЕС, а за освежувањето Мелница и пекарница ИЛИНЧЕ и КАЛАН компани, кои за децата обезбедија пецива и сокови.


Од излетот на бродот „Лихнида“


Ohridnews