23-годишно момче од Саутемптон, Англија, паднало во кома откако го претепале пред еден ноќен клуб. На неговите родители и на неговата девојка лекарите им рекле дека најверојатно нема да преживее.


Го приклучиле на апарати кои го одржувале во живот. После неколку тестови се покажало дека неговиот мозок не е потполно мртов, па лекарите одлучиле да го одржуваат во живот. Тогаш се случило чудо. Неговата девојка одлучила да се намачка со крем за сончање кој на момчето воопшто не му се допаѓал поради лошиот мирис. Таа рекла дека тоа бил единствениот начин да му стави до знаење дека е во собата.

Тој одеднаш започнал да ги мрда прстите на раката. Девојката била во целосен шок. После неколку минути тој ги движел и рацете и нозете. Лекарите одлучиле да ги исклучат апаратите и тој почнал да дише. Три дена подоцна се разбудил од кома, ја прегрнал својата девојка и’ и се заблагодарил велејќи и дека ја сака.