Кучето Хенри ги направило своите први чекори по експерименталното лечење на парализа во Универзитетот Кембриџ. Минатата зима по една несреќа кучето останало неподвижно. Експертите од Кембриџ му зеле клетки од носот и ги пресадиле во зглобовите, и сега кучето може дури и да мавта со опашката.


Неговата сопственичка не можела да поверува, бидејќи претходно ја изгубила надежта за кучето и ги терала ветеринарите да го успијат. Бидејќи стандардната операција не му помогнала таа го пријавила на експерименталното универзитетско лечење. Експертите се надеваат дека наскоро со истиот мето ќе можат да лекуваат луѓе.