Австралиската кованица за монети во Перт, административниот центар на западна Австралија, го излила најголемиот златник на светот, со пречник од 80 сантиметри, дебелина од 12 сантиметри и тежина од 1012 килограми. Номиналната вредност на новата кованица е еден милион австралиски долари, што е значително помалку од сопствената вредност, која се проценува на 53,5 милиони австралиски долари.


На едната страна од монетата е прикажана кралицата на велика Британија Елизабета Втора, а на другата големиот кенгур, симболот на Австралија. За изработката на златникот биле потребни година и пол дена, а ќе биде изложен во кованицата за монети во Перт. Директорот Ед Хербуз изјавил дека златникот од еден тон бил изработен во рамките на специјалната златна серија посветена на австралискиот кенгур. До крајот на годинава се очекува изработка на други златници од оваа серија, помали по тежина и номинална вредност.