Половина час траела потрагата по момче на плажата Лагадин кое неговите родители го пријавиле дека исчезнало во водите на Охридското Езеро. Во потрагата покрај спасителите се вклучиле и чамци, скутери и присутни на плажата. За среќа мочето било пронајдено живо и здраво како се капи недалеку од брегот.

По ова како што ни изјавија очевидци, завладеал мир кај присутните на плажата која буквално се кренала на нозе во потрагата по момчето за кое првично се стравувало дека можеби се удавило. За среќа драмата која се одвивала денеска околу 14 часот во Лагадин се завршила среќно.

Ohridnews