Куче по име Роко, кое сопствениците го изгубиле пред пет години во Њујорк, повторно е со нив откако е пронајдено на 1.370 колометри оддалеченост од нивниот дом во друга сојузна држава.
Управникот на ветеринарниот центар во Хинсвил, во американската сојузна држава Џорџија, изјавил дека некој го донесол кучето во центарот. Утврдено е дека кучето под кожата има вграден електронски чип, што овозможило пронаоѓање на неговите сопственици, брачниот пар Виласис, кој живее во Њујорк.
На пронаоѓањето на Роко најмногу се израдувала нивната ќерка која имала само пет години откако кучето се изгубило.