Мачорот Танго влегол во училиштето Тревиглас каде се снимала емисија на ББЦ во живо. Мачорот ги заобиколил камерите и каблите и дошол до масата со гостите кои учествувале на емисијата. Џеки Елери, која работела во мензата на училиштето не можела да поверува кога го видела својот мачор во кадарот.


Додека водителот и неговите гости разговарале за состојбата во Иран, мачорот си се шетал зад нив. Кога го забележале интервенирал камерманот и го отстранил Танго од емисијата.