На еден пар им се вратила мачката која исчезнала пред девет години.
Дикси, петнаесетгодишна црвена мачка, исчезнала во 1999 година и сопствениците мислеле дека ја прегазил автомобил.
Пронајдена е околу километар оддалечена од куќата во Бирмингам, и тоа кога еден загрижен станар го повикал друштвото за заштита на животни поради слабата и исцрпена мачка која со месеци ја гледал во близина.
Претставникот на друштвото го проверил микрочипот и потврдил дека тоа е Дикси. За половина час им е вратена на сопствениците Ален и Џили Дилејн.
„Во 29 години, колку што работам во друштвото за заштита на животни, не сум видел никој толку среќен и возбуден како што беше госпоѓа Дилејн“, рекол претставникот од друштвото за заштита на животни.
Парот бил пресреќен што мачката им се вратила по толку години.