Изгубен млад кит се врзал за јахта мислејќи дека му е мајка. Младиот кит стар околу 2 месеци е виден во водите покрај Сиднеј. Пливал околу јахтата и не се одвојувал од неа, се обидел и да цица. Крајбрежната стража и екипа на спасители ја извлекле јахтата на копно.


Китчето едвај се оделило од неа, но и понатаму пливало во близина на брегот. Делувало исцрпено, но сите се надеваат дека ќе отплива кон отворено море во потрага по мајка му или ќе се придружи на друго јато китови.

„Нема големи шанси, но тоа е единствената надеж. Не можеме да го храниме“ – рекол водачот на националниот парк Крис Минтош.