Неверојатна вест ги воодушевила жителите на Велика Британија. На подрачјето помеѓу Линколншир и Геинсбург паднал дијамант вреден дури 12 милиони фунти, а ќе му припадне на оној кој ќе го пронајде. Имено, станува збор за дијамант кој бил монтиран на голем балон со хелиум и требало да биде лансиран во вселената. Но, кога балонот се искачил превисоко, експлодирал, а дијамантот паднал назад на земјата.

Тој неверојатен чин го извел славниот лондонски поризводител на накит и соосновач на ’77 Diamonds’, Тобиас Корминф, како би го зголемил својот публицитет. Цивилното воено воздухопловство проценило дека дијамантот паднал отприлика осум килоемтри на патот од Лео до Геинсбург. Корминд изјавил како се надева дека наскоро некој ќе го пронајде дијамантот и дека нема да го пронајдат дури нашите следни генерации.