250 илјади подметнувачи за пивски кригли му биле потребни на упорниот германец Свен Гебел да изгради стан со големина од 66 квадратни метри. Тој се запишал во Гинисовата книга како автор на најголемиот стан изработен од подметнувачи за пиво. Секојдневно трошел по осум часа за изработка на неговото ремек дело.
Тој веќе се наоѓал во Гинисовата книга како човек кој успеал да собере најмногу пивски подметнувачи. Станот го изградил во рамките на замокот Вогелсанг, во близина на Келн.